СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ПОЛИЦИЈАТА ВО АЛБАНИЈА Најмалку 520 вработени земале плата, а со години не оделе на работа

Според албанските медиуми, некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности

495

Голем скандал го тресе Министерството за внатрешни работи на Албанија, каде на платниот список има 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа.

Според албанските медиуми, некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика.






Скандалот е откриен откако вршителот на должноста генерален директор на полицијата, Сокол Бижга, го суспендирал Улијан Шпатараку, ИТ асистент во директоратот, бидејќи примал плата и воопшто не се појавувал на работа. Шпатараку дал изговор дека продолжувал со „магистерски“ студии, а ова ниво на студии се спроведува надвор од официјалното работно време.

Вкупно, на платниот список на Министерството за внатрешни работи и на секое ниво на државната полиција низ земјата има 520 фиктивно вработени, кои се „препознаваат“ само по банкоматот каде што одат за да ги подигнат своите плати, наведуваат медиумите.

Нивното непојавување на работа е познат проблем за раководителите на структурите, но ниту еден министер или генерален директор во последните 13 години не побарал нивно отстранување од платниот список. Следствено, не е спроведена никаква истрага против шефовите кои ја дозволуваат оваа измама и кражба.

Според внатрешните прописи на МВР на Албанија и на државната полиција, секој вработен мора секој ден да се евидентира во посебна книга за присуство на работа или мора однапред да најави кога и каде е на должност надвор од институцијата.

Поврзани содржини