🎥 ПРИНЦЕЗАТА ВАРИ ПИВО, ПРИНЦОТ ДЕГУСТИРА Кејт Мидлтон и Вилијам го поминаа денот на познатиот лондонски пазар за храна

Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го посетија најстариот и најпознат пазар за храна во Лондон кој постои од 13 век, како и локален паб со сопствено производство на пиво кадешто проинцезата ги засука ракавите за да се проба во варење пиво, а принцот дегустираше

60

Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го посетија најстариот и најпознат пазар за храна во Лондон Бороу маркет (Borough Market) кој постои од 13 век и има над 100 тезги полни со фантастична улична храна, свежи и занаетчиски производи, но и популарни пабови и кафулиња.

Тие се прошетаа и по тезгите кадешто разговараа со производителите и се испробаа во неколку активности, во улога на продавач, правеа кафе за проект што им помага на бездомниците и служеа традиционален овошен десерт со ванила крем.

 






За време на посетата, тие се запознаа и со Bermondsey Beer Mile, позната рута во југоисточниот дел на Лондон, каде што се наоѓаат голем број пиварници.
Домаќините ги запознаа со процесот на производство на пиво и сајдер, а Кејт дури и самата се вклучи – облече големи заштитни ракавици, се искачи на скали и со насмевка промеша голем котел пиво, додека принцот Вилијам ја искористи можноста да дегустира неколку различни видови, пишува Дејли Меил.

Кога принцезата била поканета да дегустира пиво и сајдер, таа искрено објаснила зошто ќе ја прескокне дегустацијата.

– Не сум пиела многу алкохол откако ми беше поставена дијагнозата. Сега морам да бидам многу посвесна за тоа – рекла таа.

Додека Кејт се држела до безалкохолните пијалаци, принцот Вилијам пробал неколку видови пиво и сајдер, вклучувајќи производи од брендот Hiver, кој е познат по тоа што користи мед од пчелни кошници наместо шеќер во ферментацијата.

Оваа тема особено ја заинтересира принцезата бидејќи е познато дека и самата е пчелар. Кејт има свои кошници во својот дом, Анмер Хол, во Норфолк.

– Ако земете мед од кошницата на почетокот на летото, неговиот вкус е сосема поинаков. Ако го земете медот додека е сè уште влажен, тоа е всушност природен процес на ферментација – рекла таа, а нејзиното познавање на пчелите го предизвикало принцот Вилијам да се пошегува:

– Таа знае многу за пчелите. Внимавај што зборуваш, можеби ќе те поправи.

 

Поврзани содржини