УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ЌЕ СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД Потпишан и осмиот анекс на договорот вреден 186 милиони евра

Делницата долга 57 километри почна да се гради пред 12 години. Досега се потрошени околу 558 милиони евра, а во сообраќај се пуштени околу 40 километри од автопатот.

99

Директорот на Јавното претпријатие Државни патишта Коце Трајановски и претставникот на кинеската фирма „Синохидро“ Чен Чен го потпишаа осмиот анекс на  Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид кој неодамна го одобри Собранието.

Со овој анекс државата ќе издвои уште 186 милиони евра за да се заврши изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Со него се дава рок кинеската компанија да го заврши до 31 мај 2027 година.






Од Државни патишта појаснуваат дека парите  се потребни за изведување на непредвидени и дополнителни  градежни работи кои се потребни за целосно завршување на проектот.

– Потребна е санација на 14 свлечишта и обезбедување на глобална стабилност, еластична одбојна ограда, изградба на контролен центар, како и дополнителните работи за изградба на паралелни патишта. Со ова се надминати проектните предизвици со косините и свлечиштата и може да се продолжи поинтензивно со градежните активности – велат од  Државни патишта.

Делницата долга 57 километри почна да се гради пред 12 години. Досега се потрошени околу 558 милиони евра, а во сообраќај се пуштени околу 40 километри од автопатот.

Поврзани содржини