НЕ РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА ДО ВРВОТ НА ВОДНО Се врши технички сервис, не се знае колку ќе трае
Од ЈСП Скопје информираат дека прекинот е привремен и е поврзан со активности потребни за одржување и техничка подготовка на системот.
Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ги известува граѓаните дека жичницата до Милениумскиот крст на врвот на Водно привремено нема да биде во функција поради изведување технички активности.
Од ЈСП Скопје информираат дека прекинот е привремен и е поврзан со активности потребни за одржување и техничка подготовка на системот.
„Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време“ – соопштија од претпријатието.
Од ЈСП им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана кога жичницата повторно ќе почне со работа.