НЕМА ПРИТВОР ЗА ПРОФЕСОРОТ ПРИЈАВЕН ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ Изречени му се мерки на претпазливост

„Јавниот обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост со цел да се обезбеди присуство на осомничениот и да се заштити оштетената во текот на понатамошната постапка,“ соопштија од Обвинителството.

590

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против професор од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка. Иако случајот предизвика лавина реакции во јавноста, судија на претходна постапка одлучи да не одреди притвор, туку само мерки за претпазливост.

Според информациите од истрагата, професорот подолг временски период ја вознемирувал малолетната ученичка, користејќи ја својата позиција на моќ и авторитет во училиштето.






Судот донесе одлука со која на осомничениот му се изречени мерки, со кои му се забранува да се приближува или да воспоставува каков било контакт со ученичката. Привремено му е одземен пасошот и не смее да ја напушта државата, а има и обврска редовно да се јавува кај надлежно службено лице во Судот.

„Јавниот обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост со цел да се обезбеди присуство на осомничениот и да се заштити оштетената во текот на понатамошната постапка,“ соопштија од Обвинителството.

Случајот во „Лазар Личеноски“ ги вознемири родителите и учениците, кои бараат целосна одговорност и заштита на децата од предаторско однесување во образовните институции. Раководството на училиштето сè уште нема излезено со официјален став дали професорот е веќе суспендиран од настава додека трае судскиот процес. Доколку се докаже вината, на професорот му се заканува затворска казна и доживотна забрана за вршење на дејноста во образованието.

НАСТАВНИКОТ Ѝ БАРАЛ ДА ИМА СЕКС СО НЕА Скандал во средно училиште во Центар, ученичка пријавила вознемирување

 

Поврзани содржини