КАМИОН УДРИЛ ВО СЕМАФОР, ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЕДЕНО Сторителот ќе добие фактура за направената штета

376

Камион со скопски регистарски таблички вчера удрил во семафор на булеварот Александар Македонски во Скопје при што едно лице е повредено.

Град Скопје соопшти дека надлежните служби веднаш излегле на терен и работат на санација на настанатата штета. Екипи биле ангажирани за отстранување на оштетената сообраќајна сигнализација и на враќање на локацијата во првобитна состојба, со цел што побрзо да се воспостави безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

– Ја информираме јавноста дека трошоците за санација и повторно поставување на сообраќајната сигнализација ќе бидат фактурирани на товар на причинителот на штетата, согласно важечките прописи – рекоа од Град Скопје.

 

Поврзани содржини