ПРЕД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ДВЕ СПРОТИСТАВЕНИ РЕЗОЛУЦИИ Осуди за Иран и осуди за нападите

Едната резолуција ја поднесоа земјите од Персискиот залив - Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Јордан, а другата Русија.

59

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе разгледува две спротивставени нацрт-резолуции за војната во Иран. Едната е поднесена од земјите од Персиски Залив и Јордан, а другата од Русија.

Нацрт-резолуцијата поднесена од Советот за соработка во Персискиот Залив (ГЦЦ) во која се осудуваат иранските напади врз Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Јордан и повикува на итен прекин на сите напади и закани.






Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саеиди Иравани ги критикуваше земјите од Персиски Залив за нацрт-резолуцијата и ги обвини дека сакаат да ги сменат улогите на агресор и жртва со „пристрасен и политички мотивиран“ текст.

И Русија поднесе нацрт-резолуција без да ги именува Иран, Израел и САД, во која се осудуваат сите напади врз цивили и се повикуваат сите страни да ги прекинат борите и да се вратат на преговарачка маса.

Поврзани содржини