ОШТЕТЕН РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ПРИ БОМБАРДИРАЊЕТО НА ИСФАХАН ВО ИРАН Захарова повика да се почитува неповредливоста на дипломатските објекти

Прозорците во деловната зграда и во станбените станови поврзани со неа се скршени, а неколку вработени беа исфрлени од експлозивниот бран, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

156

Рускиот конзулат во иранскиот град Исфахан е оштетен во гранатирањето пред неколку дена, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Нападот врз дипломатска мисија е „грубо кршење“ на меѓународните конвенции и секоја земја е должна да ја почитува неповредливоста на дипломатските објекти, рече таа.






„На 8 март, во иранскиот град Исфахан, за време на нападот врз губернијата на истоимената покраина, која се наоѓа веднаш до него, рускиот конзулат е оштетен“, објави изјави Захарова на веб-страницата на руското МНР.

Прозорците во деловната зграда и во станбените станови поврзани со неа се скршени, а неколку вработени беа исфрлени од експлозивниот бран, додаде таа.

„За среќа, немаше жртви или сериозни повреди“, обави Захарова.

Вчера рускиот претседател Владимир Путин разговараше за конфликтот со својот ирански колега Масуд Пезешкијан и повика на прекин на непријателствата, објави Кремљ.

Поврзани содржини