СЕ ЗАКАНУВАЛ СО НОЖ НА СОПСТВЕНИОТ СИН Судот итно исели 68-годишник од домот во Скопје

Полицијата приведе 68-годишен скопјанец кој, според пријавата, со остар предмет му се заканувал на својот син, по што судот му изрече итна мерка за отстранување од домот во траење од 30 дена.

644

68-годишен жител на Скопје е отстранет од семејниот дом на 30 дена откако, според полицијата, со остар предмет му се заканувал на својот 35-годишен син.

Според информациите, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.Б. на 9 март околу 22:30 часот по пријава за семејно насилство во дом на подрачјето на Кисела Вода.






Полицијата постапила по пријава дека 68-годишникот упатувал закани со остар предмет кон својот син.

По преземените мерки, случајот бил процесиран од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, која на 10 март поднела барање до Основен граѓански суд Скопје за изрекување итна мерка за заштита од семејно насилство.

Судот донел решение со кое на осомничениот му е изречена итна мерка за отстранување од домот во траење од 30 дена.

Од полицијата информираат дека мерката е донесена со цел да се спречи понатамошно насилство и да се обезбеди заштита на жртвата.

Поврзани содржини