НАСТАВНИКОТ Ѝ БАРАЛ ДА ИМА СЕКС СО НЕА Скандал во средно училиште во Центар, ученичка пријавила вознемирување

Полицијата приведе 52-годишен наставник од средно училиште во Центар по пријава дека во текот на неколку дена вознемирувал 18-годишна ученичка и барал да имаат сексуални односи.

1,714

Педесет и двегодишен наставник од Скопје е уапсен откако бил пријавен дека вознемирувал 18-годишна ученичка и од неа барал да имаат сексуални односи.

Според информациите од полицијата, наставникот работел во средно училиште на подрачјето на Центар, а бил приведен вчера попладне.






Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, наставникот во периодот од 25 февруари до 2 март ја вознемирувал ученичката и упатувал барања за интимни односи.

По пријавата, полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода во 17:30 часот.

Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини