ТРГОВЦИТЕ ДА НЕ ГИ КОРИСТАТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА Мицкоски утре ќе се сретне со трговците и дистрибутерите
Премиерот рече дека колку ќе бидат фер трговците кон граѓаните, толку владата ќе биде фер кон нив.
Премиерот Христијан Мицкоски за утре најави средба со трговците и дистрибутерите за да се информира за влијанието на цените на горивата врз цените на храната во маркетите.
Тој вели дека ќе побара од нив да не го користат притисокот на цената на горивото за да се зголемат веднаш цените на прехранбените производи и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошничка на граѓаните
– Очекувам тие да се однесуваат фер кон граѓаните. Колку тие ќе бидат фер кон нив, толку и владата ќе има фер однос кон трговците – рече Мицкоски.
Тој рече дека антимонополската комисија и инспекторите ќе го следат однесувањето на трговците, и така ќе се однесува.
Мицкоски додаде дека сето ова владата го прави за да се заштити стандардот на граѓаните.