📽️ ТОМАХАВК КРАЈ УЧИЛИШТЕ ВО ИРАН Снимката на иранска агенција отвора прашања
Снимката се коси со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно тврдеше дека училиштето било погодено од иранска ракета. Истражувачкиот тим тврдо дека ја геолоцирал снимката и ја утврдил точната област на ударот. Во таа зона се наоѓаат клиника, училиште и повеќе оштетени објекти.
Нов материјал што се појави на интернет покажува како американски проектил „Томахавк“ погодува објект на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во иранскиот град Минаб на 28 февруари. Снимката ја објави иранската новинска агенција Мехр, а истражувачката група Белингкет потврди дека видеото е геолоцирано на конкретната локација.
Според анализата, ударот се случил во близина на училиште за девојчиња, каде што претходно беше пријавено дека загинале голем број цивили.
Белингкет наведува дека на видеото јасно се гледа проектил „Томахавк“. Овој тип крстосувачки ракети го поседуваат САД, што ја отвора дилемата за потеклото на ударот.
The arrival of a BGM-109 Tomahawk cruise missile at the IRGC Navy base in Minab on February 28, near which the bombed school was located. pic.twitter.com/9QzlgVBcfH
— Zmei (@zmei_kt) March 9, 2026
Снимката се коси со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно тврдеше дека училиштето било погодено од иранска ракета. Истражувачкиот тим тврдо дека ја геолоцирал снимката и ја утврдил точната област на ударот. Во таа зона се наоѓаат клиника, училиште и повеќе оштетени објекти.
Анализата на сателитските снимки од компанијата Планет Лабс покажала дека два објекта биле сериозно оштетени.
Едниот е клиника, додека другиот е објект кој се чини дека е магацин или бункер покриен со земја. Според Белингкет, токму овој втор објект, кој припаѓал на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, бил главната цел на ракетниот удар.