ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КУМАНОВО Повредена жена, оштетени и три паркирани возила
Во судир на два автомобили доцна вечерта во Куманово, едната возачка е тешко повредена, а оштетени се и три паркирани возила.
Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила во Куманово, во која учествувале две возила, а биле оштетени и три паркирани автомобили.
Несреќата се случила околу 23:50 часот на улицата Тоде Думба. Според информациите од полицијата, се судриле два автомобили од марката „фолксваген“. Едниот го управувала 28-годишната К.П., а другиот 29-годишната А.Н., двете од Куманово.
По судирот, автомобилите удриле и во три паркирани возила.
Во несреќата тешко е повредена 28-годишната К.П., додека А.Н. се здобила со полесни повреди. Двете биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде лекарите ги констатирале повредите.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а се утврдуваат и причините за судирот.