ЕВРОПСКАТА УНИЈА ДА ЈА УКИНЕ ЗАБРАНАТА ЗА УВОЗ НА РУСКИ ГАС Во спротивно ќе има големи последици врз економијата, предупредува Унгарија

Сега глобалната понуда дополнително се намалува поради судирот на Блиски Исток, а кога се намалува понудата расте цената, па на Европа и се заканува драматично зголемување на цените, посочи Сијарто.

245

Шефот на унгарски дипломатија Петер Сијарто денеска ја повика Европската Унија „веднаш“ да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас, бидејќи на Европа и се заканува нов силен удар на цените на енергенсите поради војната на Блиски Исток и затворањето на Ормутски Теснец.

Тој на платформата Икс објави дека е загрозен „голем дел од глобалното снабдување со енергенси“, а Европа е посебно изложена поради претходната забрана на ЕУ за увоз на руски енергенси.






– Сега глобалната понуда дополнително се намалува поради судирот на Блиски Исток, а кога се намалува понудата расте цената, па на Европа и се заканува драматично зголемување на цените, посочи Сијарто.

Тој го предупреди Брисел дека ако ги задржи санкции тоа „сериозно ќе им наштети на европските луѓе и европската економија“.

Сијарто потенцира дека европската политика мора да се води од заштита на интересите на граѓаните, а не од идеологија.

Поврзани содржини