ПРОДОЛЖУВА ЕВАКУАЦИЈАТА НА НАШИТЕ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК Операцијата ќе заврши до крајот на неделата, вели Муцунски
Министерот Тимчо Муцунски соопшти дека македонските државјани се евакуираат од повеќе земји на Блискиот Исток, а операцијата се очекува да заврши до крајот на неделата.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска информира дека е во тек координирана евакуација на македонски државјани од повеќе земји на Блискиот Исток и дека се очекува процесот да заврши до крајот на неделата.
На прес-конференција во Владата, Муцунски изјави дека веднаш по ескалацијата на безбедносната криза бил активиран кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва.
— Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза на Блискиот Исток воспоставивме постојан кризен механизам. Преку кризен штаб и дипломатско-конзуларните претставништва бевме во 24-часовна комуникација со нашите државјани во погодените подрачја, со јасна цел, нивна безбедна и навремена евакуација – рече Муцунски.
Тој посочи дека во изминатата година ова е трета голема операција од ваков тип.
– Во последните 12 месеци ова е трета сложена операција од ваков обем, по трагедијата со пожарот во Кочани и првата ескалација на ккнагласи министерот.
Муцунски информира дека од Израел веќе се евакуирани сите македонски државјани кои изразиле желба да ја напуштат земјата по копнен пат.
– Шест лица беа евакуирани со владиниот авион преку Шарм Ел Шеикa, додека за уште шест лица нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Тел Авив и Каиро помогнаа во организирањето на нивното враќање со комерцијални летови. Останува уште едно лице чија евакуација ќе се реализира веднаш штом се создадат безбедни услови – изјави Муцунски.
Од ОАЕ вчера бил реализиран лет со 151 патник, меѓу кои и странски државјани. Според министерот, во оваа земја во моментов се евидентирани околу 430 македонски државјани, а од Dubai во текот на неделата се планирани уште два лета.
Тој посочи дека 14 лица кои претходно побарале евакуација не се појавиле на аеродромот, по што биле контактирани други граѓани за да се искористи целиот капацитет на летот.
Во Доха се евидентирани 162 лица, од кои 89 изразиле подготвеност за евакуација. Во Кувајт се пријавени 36 лица, во Бахреин 15, а во Саудиска Арабија пет лица.
За нив е предвиден организиран транспорт до Ријад од каде што во текот на неделата ќе биде организиран директен лет.
Министерот се осврна и на евакуацијата на македонскиот фудбалер Стефан Ашковски од Иран, посочувајќи дека процесот бил особено сложен.
– Најкомплексниот дел беше преминувањето на границата од иранска кон турска страна. Постапката траела неколку часа, но нашата амбасада во Ankara успешно ја координираше операцијата и тој безбедно премина на територијата на Tуцик – рече Муцунски.
Тој апелираше до македонските државјани кои сакаат евакуација навреме да ги контактираат дипломатско-конзуларните претставништва, нагласувајќи дека евакуацијата се организира без финансиски трошоци за граѓаните.
Воедно, министерот изрази загриженост поради ширењето непроверени информации во дел од медиумите.
– Во вакви околности точната и одговорна информација е клучна. Лажните вести создаваат непотребна паника и можат да ја поткопаат довербата во институциите – изјави Муцунски.