ДИЗЕЛОТ ПОСКАПЕ ЗА 14,5 ДЕНАРИ, А БЕНЗИНИТЕ ЗА 5 ДЕНАРИ ПО ЛИТАР Регулаторна ги објави новите цени на горивата
Регулаторната комисија соопшти дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,384%, кај дизелот за 36,134%, кај екстра лесното масло за 32,102% и кај мазутот зголемувањето е за 27,870%.
Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 14,27%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според оваа одлука малопродажните цени на бензините од 95 и 98 октани се зголемуваат за 5,00 денари по литар, цената на дизелот за 14,50 денари, цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 12,50 денари по литар, додека, пак, цената на М-1 НС се зголемува за 7,044 денари по килограм и сега ќе изнесува 42,586 ден/кг.
Од утре максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин – EУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (ден/литар)
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,50 (ден/литар)
Мазут М-1 НС – 42,586 (денари/килограм)
Регулаторната комисија соопшти дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,384%, кај дизелот за 36,134%, кај екстра лесното масло за 32,102% и кај мазутот зголемувањето е за 27,870%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9444%.