ЌЕ СЕ ОТВОРАТ НОВИ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА ВО ТИР-ЗОНИТЕ Се договараат инвестиции од околу 650 милиони евра
Во 2025 година, македонската економија забележа реален раст од 3,5%, што ја рангира меѓу петте најбрзо растечки економии во Европа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Инвестициите кои се веќе започнати или се во процес на договарање државна помош, а спаѓаат во портфолиото на ТИР зоните, достигнуваат околу 650 милиони евра. Овие 17 инвестиции ќе отворат до 5.000 нови работни места и ќе придонесат значително за економскиот развој и намалување на невработеноста во земјава, смета ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2025 година, македонската економија забележа реален раст од 3,5%, што, според податоците на Еуростат, ја рангира меѓу петте најбрзо растечки економии во Европа по Ирска, Малта, Кипар и Полска, а и пред останатите земји во регионот.
Номиналниот раст на македонската економија достигна историски рекордни 8,2%, што е продолжение на континуираниот раст од 2024 година, кога економијата забележа 3%. За следната година се очекува буџетски дефицит под 3,5%, како и реален економски раст од околу 4%. Ова покажува дека кога се има јасна визија, одговорен пристап и конкретни чекори има резултати. Секоја нова инвестиција и секое ново работно место се доказ дека Владата работи во интерес на граѓаните и ја поттикнува економската стабилност и развој“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.