ЦЕЛТА Е МАКЕДОНИЈА ДА ИМА НАЈНИСКИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГЕНСИ ВО РЕГИОНОТ Затоа се координираат владата и нафтената индустрија

Опозицијата пак, од друга страна, се служи со празни флоскули и се занимава со се освен со тоа што треба, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

73

Случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час. Владата неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност.

Целта е Македонија да има енергенси по најниски цени во регионот, дури и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања. На пример, во соседните држави цените се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.






„Затоа Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел да се координираат мерки и да се преземат сите можни чекори. Опозицијата пак, од друга страна, се служи со празни флоскули и се занимава со се освен со тоа што треба, но не е неочекувано затоа што од нивната пракса досега се гледа дека не им е јасно, ниту пак покажале дека знаат да се справат со криза.

На пример, лидерот на СДСМ Венко Филипче покажа и докажа дека не му е баш гајле за граѓаните, кога се обидуваше да профитира со вакцините против ковид и се обиде да врши набавка на истите преку компанија за јужно овошје по три пати поскапа цена, кога ги принуди граѓаните да одат и да се вакцинираат во соседни земји, па правеше шоу на граница за 5.000 вакцини. СДСМ беа последни во регионот што обезбедија заштита на народот. Јасна е разликата“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини