ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Епицентарот му бил во северна Грција
Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.
Синоќа во 22 часот и 17 минути во западните делови на земјава, беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува во соседна Грција, на околу 200 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на следниов ЛИНК или јавете се на 112.