КУБА НАСКОРО ЌЕ ПАДНЕ Трамп тврди дека карипската држава бара договор со САД
Трамп тврдеше дека карипската држава добивала пари и нафта од Венецуела, но по интервенцијата на САД, тоа повеќе не е можно. Тој најави и „пријателско преземање“ на Куба.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Куба е на работ на колапс, оти наскоро ќе падне и затоа бара договор со САД.
– Куба ќе падне наскоро – рече Трамп тој во телефонско интервју за американската телевизија Си Ен Ен во петокот.
Трамп додаде дека Хавана сака договор со Вашингтон.
– Тие сакаат да постигнат договор, па затоа ќе го испратам државниот секретар Марко Рубио таму и ќе видиме како тоа ќе функционира. Навистина сме фокусирани на ова во моментов. Имаме многу време, но Куба е подготвена, по 50 години – истакна Трамп.
Американскиот претседател и претходно има кажано дека Куба е пред колапс. На крајот на јануари, тој изјави дека „Куба е нација која е многу блиску до пропаст“.
Трамп тврдеше дека карипската држава добивала пари и нафта од Венецуела, но по интервенцијата на САД, тоа повеќе не е можно.
Тој најави и „пријателско преземање“ на Куба. Сепак, досега не се случила ниту анексија ниту колапс на земјата.
Односите меѓу Хавана и Вашингтон се затегнати со децении. Во моментов, карипскиот остров е во најлошата економска криза од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година. Меѓу другото, има недостиг на гориво, поради блокадата на испораките на нафта од Венецуела.