ЕДЕН САНТИМЕТАР МУ ГО ПОНИШТИ РЕКОРДОТ Превц остана без победа во Лахти

Словенечкиот ас триумфираше со скок од 129 метри во Лахти, но победата му беше одземена откако контролата утврди дека неговите скии биле подолги од дозволеното.

80

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц беше дисквалификуван веднаш по победата на натпреварот од Светскиот куп во Лахти, откако контролата на опремата утврди неправилност со неговите скии.

Превц триумфираше со скок од 129 метри и убедливо го остави зад себе Германецот Филип Рајмунд, со речиси десет бода предност. Сепак, радоста за победата траеше кратко, бидејќи по официјалната проверка беше донесена одлука неговиот резултат да биде поништен.






Причината за дисквалификацијата биле скиите на словенечкиот натпреварувач, кои биле за еден сантиметар подолги од дозволеното. Според правилата во ски-скоковите, должината на скиите е строго поврзана со телесната тежина на натпреварувачот.

Контролата утврдила дека Превц бил премногу лесен за скиите што ги користел, поради што автоматски бил дисквалификуван, и покрај најдобриот резултат на натпреварот.

Иако словенечкиот ас веќе го има обезбедено Големиот кристален глобус за вкупна победа во сезоната, оваа дисквалификација го лиши од можноста да постави нов рекорд.

Доколку победата во Лахти беше потврдена, тоа ќе беше седма последователна победа за Превц во Светскиот куп. Со тоа ќе станеше единствен рекордер, но поради дисквалификацијата останува на шест победи по ред, со што го дели рекордот со други ски-скокачи.

Поврзани содржини