СОНЦЕ И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 18 СТЕПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА Следуваат облаци и можен дожд од недела

Метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и температури до 18 степени, додека за викендот се очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд.

149

Сончево и топло време нѐ очекува утре во Македонија, со температури кои на некои места ќе достигнат до 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.






Минималните температури наутро ќе се движат од -2 до 5 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 12 до 18 степени.

Во Скопје утре ќе преовладува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 0 степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Според најавите на метеоролозите, во недела и понеделник претпладне ќе има променливо облачно и малку посвежо време со појава на слаби локални врнежи од дожд.

Од вторник се очекува стабилизирање на времето и период на претежно стабилни временски услови, но со можност за појава на утринска магла по котлините. Дневните температури во тој период ќе бидат во постепен пораст.

Поврзани содржини