ИНВЕСТИЦИСКА ОФАНЗИВА ВО МАКЕДОНИЈА Расте градежништвото кое активира повеќе економски сектори

Интензивната работа и засиленото темпо за реализација на капиталните инвестиции, како на локално, така и на централно ниво, ги дава своите резултати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

62

Во Македонија се случува градежен бум. Градежна офанзива има на секој агол од државата, се градат улици, патишта, автопатишта, градинки, училишта, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Интензивната работа и засиленото темпо за реализација на капиталните инвестиции, како на локално, така и на централно ниво, ги дава своите резултати. Тоа, првично го запре слободниот пад на економија, која по периодот на стабилизација, сега веќе почна периодот на раст. Тоа овозможи македонската економија да бележи стабилни стапки на раст на БДП од во просек 3,5% шест квартали по ред“,  се вели во соопштението.






Најголем придонес во овој раст, велат од партијата, има токму градежништвото, кое во последниот квартал од минатата година забележа раст од високи 14,6%.

„Градежништвото има највисока стапка на раст меѓу сите економски сектори и јасно покажува дека инвестициите и инфраструктурата се двигател на економската активност. Градежништвото е еден од секторите со најголем мултипликативен ефект, што значи дека имаме повеќе градилишта и инфраструктурни проекти, за кои се ангажираат подизведувачи, надзорни и проектантски куќи, добавувачи. Кога расте градежништвото, расте и економската активност на повеќе стопански сектори, како транспортот, производството на материјали, трговијата, услугите, а со тоа расте и вработеноста. Растот на градежниот сектор повлекува повеќе сектори во економијата, значи повеќе работа за градежните компании и повеќе ангажман за домашното стопанство и индустрија“, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, за владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е многу важно овој тренд да продолжи и дополнително да се засилува, за што и активно работи на тоа.

„Според податоците на Министерството за финансии, во првите два месеца од 2026 година реализацијата на капиталните инвестиции бележи троцифрен раст, што е значително зголемување во однос на истиот период минатата година. По растот од 3,8% на БДП и 14,6% во градежништвото во последниот квартал од 2025, во првите два месеци од 2026 бележиме и трицифрен раст, односно скок од 179,7% во реализацијата на капиталните инвестиции. Економскиот мотор на Македонија не застанува, туку продолжува со уште позасилено темпо, што ќе значи повеќе инвестиции во патишта, инфраструктура и објекти, повеќе економска активност и повеќе можности за работа за компаниите“, се вели во соопштението

Целта на владата, се додава во соопштението, е економски раст кој се темели на инвестиции, инфраструктура и реална економска активност.

Поврзани содржини