AKO КИРО ОДБИЛ 100 МИЛИОНИ, ЗА КОЛКУ СДСМ ГО ПРОДАДЕ ИМЕТО? Заев и Филипче енормно се збогатија по 7 години власт, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ако екс-претседателот Киро Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за да го смени името, а истото прашање го затворија Зоран Заев и Венко Филипче, тие треба да одговорат за колку пари сториле предавство, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

2,745

„Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА, тогаш се поставува прашањето колку пари зеле Зоран Заев и неговиот ученик и другар Венко Филипче за промената на името, поточно за завршување на таа работа“.

Вака тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста, велејќи дека прашањето логично следни по последните објави на американската служба ЦИА.






„Дополнително, има ситуација кога говори дека Зоран Заев и Венко Филипче по седумте години власт енормно и необјасниво многу се збогатиле. Тоа се гледа од тоа што првиот купува удели во авиокомпании, а вториот има златна виза во Дубаи.

Ова логично прашање заслужува одговор од неколку аспекти. Прво, станува збор за прашање од важност за државата и граѓаните, второ, ако зеле пари тоа се нелегални активности.

Граѓаните заслужуваат одговор на ова логично прашање кое се отвори по објава на документи на ЦИА во кои се вели дека Глигоров одбил понуда да земе пари. Значи ако Глигоров одбил, а истото прашање го затворија Заев и Филипче, тие треба да одговорат за колку пари сториле предавство“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини