🎥 МЕЛАНИЈА ЈА „ПРЕФАТИ“ ПОРТОКАЛОВАТА БОЈА НА ТРАМП После Доналд и госпоѓа Трамп целосно ја промаши нијансата на пудрата за лице

Првата дама на Америка претседаваше со седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, а многумина се обидуваа да погодат што се случило за да има таков портокалов тен како нејзиниот сопруг

717

Како и што најавуваше претходно дека ќе биде повеќе посветена на политиката и јавните активности во вториот претседателски мандат на нејзиниот сопруг, Меланија Трамп во понеделникот влезе во историјата претседавајќи со седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, со што стана првата сопруга на светски лидер што ја презема таа престижна улога.

Сесијата се одржа на тема конфликти на Блискиот Исток со посебен акцент на децата, технологијата и образованието во конфликтите. Сепак, иако ова е едно од најголемите политички појавувања на Меланија, вниманието, како што се очекуваше, го привлече нејзиниот изглед.






Меланија избра темно сиво одело од француската модна куќа Диор и го комплетираше со црни чевли со шпицест врв.

Сепак, ниту елегантната комбинација, ниту вртоглаво високите потпетици не успеаја да го одвлечат вниманието од фактот дека нејзиното лице изгледаше необично портокалово. Нејзиниот избор на пудра многумина ги потсети на нијансата што често ја носи самиот Доналд Трамп.

Американскиот претседател Трамп со години е „напаѓан“ на социјалните мрежи поради неговиот портокалов тен, кој се објаснува како резултат на кожната болест на Трамп, но и на кремата за самопотемнување што ја користи американскиот претседател.

Поврзани содржини