„SAMSUNG“ ЈА ПРЕТСТАВИ СЕРИЈАТА GALAXY S26 ВО МАКЕДОНИЈА Нова генерација паметни телефони со моќна вештачка интелигенција
Како трета генерација на „Samsung“ паметни телефони со вештачка интелигенција, серијата „Galaxy S26“ е дизајнирана со една единствена филозофија: технологијата треба да се повлече во позадина, а корисникот да остане во центарот на вниманието.
По светската премиера, „Samsung Electronics“ денес ја претстави „Galaxy S26“ серијата и на Македонскиот пазар.
На настанот кој се одржа денес во „Ботаника“, претставниците од медиуми и деловните партнери на Компанијата се уверија дека најновите „Galaxy S26“, „S26+“ и „S26 Ultra“ уреди се поддржани од најинтуитивното, проактивното и прилагодливо „Galaxy AI“ искуство и се дизајнирани за да ги поедностават задачите кои луѓето секојдневно ги извршуваат на своите телефони.
Официјалната продажба на уредите во Македонија ќе започне на 11 март. До тогаш, сите заинтересирани ќе може да ги нарачаат најновите „Samsung“ уреди кај Операторите и малопродажните Партнери и да искористат ексклузивна поволност: да добијат модел со меморија од 512GB по цена на модел со меморија од 256 GB.
Како трета генерација на „Samsung“ паметни телефони со вештачка интелигенција, серијата „Galaxy S26“ е дизајнирана со една единствена филозофија: технологијата треба да се повлече во позадина, а корисникот да остане во центарот на вниманието.
Од менаџирање на густите распореди до совршено уредување на дигиталните содржини, „Galaxy S26“ го намалува бројот на чекори потребни за секоја задача. Наместо корисникот да се занимава со тоа „како“ функционира телефонот, „Galaxy AI“ овозможува фокус на она „што“ сака корисникот да постигне.
Најмоќниот модел во серијата, „Galaxy S26 Ultra“, воведува индустриски пресвртници во две клучни категории:
– Privacy Display: Првиот во светот вграден екран за приватност кој ја заштитува содржината од странични погледи на ниво на пиксел, зачувувајќи ја притоа врвната осветленост и јасност за корисникот.
– Бескомпромисни перформанси: Опремен со приспособената платформа Snapdragon® 8 Elite Gen 5 за Galaxy, Galaxy S26 Ultra нуди значителни подобрувања кај CPU (19%), NPU (39%) и GPU (24%) перформансите, поддржани од редизајнирана Vapor Chamber комора за ладење, со цел оптимално термално управување.
Системот на камери кај серијата „Galaxy S26“ е оптимизиран за интуитивна интеракција. Со зголемени отвори на објективот кои пропуштаат до 47% повеќе светлина и воведувањето на професионалниот APV видео кодек, уредите нудат квалитет без визуелни загуби. Креативниот процес е дополнително олеснет со функциите Creative Studio и Photo Assist, во чии рамки корисниците можат да вршат комплексни измени на фотографиите преку едноставни описни команди.
Целосниот екосистем е заокружен со новите „Galaxy Buds4“ и „Galaxy Buds4 Pro“, кои овозможуваат напредна контрола преку движења на главата и гласовна активација на агентите со вештачка интелигенција, обезбедувајќи продуктивност дури и кога мобилниот уред не е физички достапен.
„Samsung“ продолжува да вложува во заштитата на корисничките податоци преку „Knox Matrix“ и пост-квантна криптографија (PQC), кои го зајакнуваат интегритетот на системот. Дополнителен бенефит кој доаѓа со серијата „Galaxy S26“ се седум години безбедносни надградби, што обезбедува долговечност и сигурност за своите корисници.
„Galaxy S26 Ultra“, „S26+“ и „S26“ се достапни за нарачка во Северна Македонија, а корисниците може да одберат модел во виолетова, бела, црна и небесно сина боја. За сите информации и детали за новата „Galaxy S26“ серија, посетете ја страницата: www.samsung.com/mk.
Samsung Galaxy S26 Ultra награден за „Best in Show“ на „MWC 2026“
„Samsung Electronics“ денес најави дека уредот Galaxy S26 Ultra е добитник на наградата „Best in Show“ на Глобалните Награди за мобилна технологија (Global Mobile Awards – GLOMO Awards) за време на Светскиот Конгрес за мобилна технологија (Mobile World Congress – MWC) 2026 кој се одржа во Барселона, Шпанија.
Асоцијацијата за Глобални мобилни комуникации (Global Mobile Communications Association – GSMA) ги одржува “GLOMO“ наградите годишно за време на „MWC“ за да оддаде признание на извонредните иновации во мобилната индустрија.
Категоријата „Best in Show“ ги издвојува производите фокусирани на корисниците кои поставуваат репер за технологијата. Како едно од највисоките признанија во индустријата, уредите прогласени за „Best in Show“ се познати како „златен стандард“ во дигиталниот пејзаж, оценети од повеќе од 200 водечки светски независни аналитичари, новинари и ветерани во индустријата.
Samsung Galaxy S26 Ultra: Best in Show
На церемонијата за доделување награди одржана на 4 март, „Galaxy S26 Ultra“ победи во категоријата „Best in Show“ благодарение на беспрекорниот спој на напреден хардвер и интуитивниот, проактивен софтвер One UI 8.5. Galaxy AI испорачува адаптивна интелигенција свесна за контекстот, која ги поедноставува секојдневните задачи, истовремено штитејќи ја безбедноста и приватноста. Заедно, овие унапредувања ја оживуваат најинтуитивната мобилна вештачка интелигенција, дизајнирана да ги предвиди потребите на корисниците.
„Galaxy S26 Ultra“ го претстави и првиот во светот вграден Privacy Display екран, пресвртница во инженерингот на екрани, кој на корисниците им нуди поприватно, но живописно искуство при гледањето. Во внатрешноста, приспособениот чипсет овозможува побрза Galaxy AI вештачка интелигенција, поставувајќи нов стандард за мобилни искуства без напор кај „Galaxy S26 Ultra“.
– Овогодинешната конкуренција беше исклучително силна – изјави Шон Колинс, претседател на жирито за „MWC Best in Show 2026“.
– Бараме технологија која не само што е иновативна и впечатлива, туку и вистински ја движи индустријата напред. Samsung Galaxy S26 Ultra се истакна со поместување на границите на мобилната технологија, истовремено испорачувајќи значајно влијание во реалниот свет. Особено, неговата иновација во приватноста одговара на една од најважните потреби на денешниот дигитален начин на живот – безбедноста, личниот простор и довербата – додаде тој.
Жирито на „MWC Best in Show“ истакна дека меѓу повеќе од 3.000 излагачи, „Galaxy S26 Ultra“ се издвои по тоа што ги направи визионерските иновации достапни веднаш. „Иако многу технологии прикажани на MWC ја истакнуваат иднината“, соопшти панелот, „ова е производ кој потрошувачите можат да го искусат денес.
– Чест ни е што „Galaxy S26 Ultra“ е препознаен како „Best in Show“ на овогодинешните „GLOMO“ награди – изјави Стефани Чои , Извршен Потпретседател и Раководител на маркетинг центарот за мобилни уреди во рамките на бизнисот за Мобилно искуство (Mobile eXperience – MX) на “Samsung Electronics“. „Galaxy S26 Ultra е телефон со агентска вештачка интелигенција кој ја означува континуираната посветеност на ’Samsung’ кон унапредување на нашата индустрија, а ова признание е особено значајно со оглед на извонредните иновации прикажани на MWC.“
Уредите „Samsung Galaxy S26 Ultra“, „S26+“ и „S26“ се достапни за нарачка во Северна Македонија, а корисниците може да одберат модел во виолетова, бела, црна и небесно сина боја. Сите заинтересирани, до 10 март до крај на денот, може да ги нарачаат најновите „Samsung“ уреди и да искористат ексклузивна поволност – да добијат модел со меморија од 512GB по цена на модел со меморија од 256 GB.