ИРАН НЕМА НАМЕРА ДА ПРЕГОВАРА СО САД Војната може да продолжи неодредено време
Иран нема доверба во Американците и нема основа за какви било преговори со нив, изјави Мохамед Мокбер, помошник на поранешниот ајатолах Али Хамнеи.
Иран нема намера да преговара со САД и може да продолжи да се бори низ Блискиот Исток онолку долго колку што е потребно, изјави Мохамед Мокбер, висок помошник на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, пренесен од иранската државна телевизија.
Тој за националната медиумска куќа изјави дека Иран „нема доверба во Американците и дека нема основа за какви било преговори со нив“, додавајќи дека„ војната можеме да ја продолжиме онолку долго колку што сакаме“, пренесе „Тајмс од Израел“.