ГРАДЕЖНИШТВОТО СО ДВОЦИФРЕН РАСТ ВО ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ ОД 2025 ГОДИНА Николоски најавува нови инфраструктурни проекти

Министерот за транспорт и врски, вели дека особено е радосен со фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал со 21% раст, а четвртиот квартал со 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат).

381

Градежништвото бележи раст од 14,6% во последниот квартал од 2025 година  во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатишта, железница, регионални и локални патишта и голем број комунални проекти. Тоа ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти.

Ова на социјалните мрежи го напиша министерот за транспорт и врски Александар Николоски коментирајќи ги официјалните податоци на Државниот авод за статистика за растот на БВП во последниот квартал од 2025 година.






„Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал од бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат). Македонија е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст. Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 % што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме“, пишува Николоски

Тој во објавата најавува дека следуваат нови инфраструктурни проекти.

Поврзани содржини