ТРАМП ГО СПОРЕДИ ЗЕЛЕНСКИ СО ИЗМАМНИК И СО МАНИПУЛАТОР Америка има оружје да војува вечно
Поспаниот Џо Бајден го помина целото свое време давајќи сè на П.Т. Барнум (Зеленски!) од Украина – стотици милијарди долари вредност – и додека толку многу од највисоката класа оружје го даде (бесплатно!), не се потруди да го надомести, објави објави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи.
Залихите на муниција на Соединетите Американски Држави, во средната и повисоката средна класа, никогаш не биле поголеми или подобри – како што ми беше кажано денес, имаме практично неограничена залиха од овие оружја, објави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи.
„Војни можат да се водат засекогаш и многу успешно, користејќи ги само овие залихи (кои се подобри од најдоброто оружје на другите земји!). На највисокото ниво имаме добра залиха, но не сме таму каде што сакаме да бидеме. Многу дополнително висококвалитетно оружје е складирано за нас во оддалечени земји. Поспаниот Џо Бајден го помина целото свое време и парите на нашата земја давајќи сè на П.Т. Барнум (Зеленски!) од Украина – стотици милијарди долари вредност – и додека толку многу од највисоката класа оружје го даде (БЕСПЛАТНО!), не се потруди да го надомести“, објави Трамп.
За среќа, јас ја обновив војската во мојот прв мандат и продолжувам да го правам тоа.
„Соединетите Држави се снабдени и подготвени да победат, на големо!“, порача американскиот претседател.
Инаку, П. Т. Барнум, со кој Трамп го спореди украинскиот претседатрл беше американски претприемач и шоумен од 19. век, познат по своите циркуски спектакли и агресивна самопромоција. Бил мајстор за реклама и за сензационализам. Во политички контекст, неговото име често се користи како синоним за манипулација и за измама. Со споредбата Трамп индиректно го нарече Зеленски измамник и манипулатор.