НАСКОРО ЌЕ СЕ ИЗРЕКУВААТ КАЗНИ ОД 400.000 ЕВРА ЗА НЕФЕР ТРГОВЦИТЕ Ристески најавува казни и за добавувачите кои ги прифаќаат тие практики

Измените на законот се очекува наскоро да се донесат и да почнат да се применуваат уште во текот на оваа година. 

127

Максимална казна од 400.000 евра за големите маркети кои го изигруваат законот за нефер трговски практики, но ќе се воведат и казни да добавувачите кои  ја прифаќаат таа игра на трговците, најавува заменик-министерот за економија Марјан Ристески со измените на Законот за нефер трговски практики.

Измените на законот се очекува наскоро да се донесат и да почнат да се применуваат уште во текот на оваа година.






Сега, максималната казна која може да се изрече за непочитување на законот е околу 20.000 евра.

-Ќе бидат предвидени зголемени казни за најголемите играчи, маркети, за загрозувањето на фер трговијата и граѓаните, до 400.000 евра. Меѓутоа ќе биде предвидена глоба и казна која досега не беше предвидена во законот за самите добавувачи кои ја прифаќаат, пак, од друга страна таквата нефер игра на трговците. Да не заборавиме. Основна цел на законот е заштита на производителите и добавувачите, а преку нив и на купувачите односно граѓаните индиректно. Но, заштита и на домашните компании и производители да не бидат во подредена улога на одредените принципали (како ги викаат) или големите играчи на пазарот посебно на Балканот овде, да не бидат во подредена улога во однос на конкурентност, цени и видливост од страна на самите купувачи. Тоа треба и тие да ни помогнат – вели Ристески.

Тој ги повикува производителите и добавувачите де пријават нефер трговски игри.

– Може пријавувањето да биде директно, анонимно, по допрен глас или по сопствено видување од КЗК за да можат во рок од неколку дена да излезат и да ја утврдат таа нефер трговија, а нефер играчите да бидат казнети –вели Ристески.

Досега Комисијата за заштита на конкуренција отвори повеќе од 30 предмети за кршење на Законот за забрана на нефер трговски практики и се изречени глоби во износ од околу 150.000 евра.

Поврзани содржини