🎥 „ДАЛИ СТЕ ДОБРО, ФАЛА ШТО НИ ПОМАГАТЕ“ Кувајтќанин ѝ притрча на помош на американска пилотка
Три американски борбени авиони беа по грешка погодени од против-воздушната одбрана на Кувајт, но пилотите на време се катапултирале.
За време на операцијата „Епска фурија“, пилотка на американски борбен авион Ф-15Е успешно се катапултирала откако нејзиниот авион по грешка бил соборен од пријателски оган од кувајтската противвоздушна одбрана.
Додека се спуштала во жешкиот песок на зајдисонце, прв притрчал локален жител на Кувајт- пред сите други служби на теренот.
– Дали сте добро? Безбедни сте! Ви благодарам што ни помагате – ѝ рекол мажот.
Американската Централна команда потврди дека сите шест американски членови на екипажите – од вкупно три авиони Ф-15Е, кои беа погодени од кувајтската одбрана, безбедно се катапултирале. Тие биле извлечени во рок од неколку часа и сите се во стабилна состојба.
Кувајт ја признал грешката, наведувајќи дека до инцидентот дошло во услови на конфузија поради иранските ракетни и дронски напади.