🎥 ШЕИКОТ БИН ЗАЈЕД СО СВИТАТА МИРНО СЕ ПРОШЕТА ВО „ДУБАИ МОЛ“ Пораката е дека сѐ е под контрола
Прошетката на принцот и престолонаследникот е обид на властите во ОАЕ да испратат смирувачка порака дека работите се под контрола, и дека нема причини за загриженост и страв.
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, и престолонаследникот на Дубаи, шеикот Хамдан бин Мохамед, беа снимени денеска како ручаат и се шетаат во трговскиот центар „Дубаи мол“ како обични граѓани, без особено обезбдедување. На друго видео тие мирно се ракуваат и си разговараат со граѓаните и туристите.
Градот Дубаи деновиве беше изложен на гранатирања и ракетни напади во рамки на пошироката ескалација на конфликтот во регионот, што создаде чувство на несигурност кај јавноста и кај туристите. Поради безбедносните ризици, аеродромите привремено беа затворени, дел од летовите откажани или пренасочени, а илјадници странски државјани останаа заглавени без можност веднаш да отпатуваат. Ситуацијата предизвика сериозна вознемиреност во Обединетите Арапски Емирати, особено ако се има предвид дека Дубаи е еден од најголемите туристички и транспортни центри во светот, со голем број странци кои таму живеат и работат.
Прошетката на принцот и престолонаследникот е обид на властите во ОАЕ да испратат смирувачка порака дека работите се под контрола, и дека нема причини за загриженост и страв.