„ЌЕ ГИ ГАЃАМЕ СИТЕ АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ“ Европа доби директна закана од Иран
Иранскиот амбасадор во Шпанија предупреди на можни напади врз американски бази, додека Мадрид воведе засилени безбедносни мерки.
Иран се закани дека би можел да ги гаѓа американските воени бази во Европа, во услови на растечки тензии меѓу Техеран и Вашингтон.
Иранскиот амбасадор во Шпанија, Реза Забиб, предупреди дека неговата земја ќе „нападне која било американска база во Европа доколку е потребно“. Тој нагласи дека Иран е земја способна да реагира, пренесуваат медиумите.
Во меѓувреме, шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, нареди зголемени мерки за надзор и безбедност низ целата земја поради можни закани.
Ескалацијата доаѓа откако Шпанија одби да им дозволи на Соединетите Американски Држави користење на заедничките воени бази на нејзина територија за напади врз Иран. По таа одлука, САД повлекоа неколку авиони KC-135 од базите во Кадис и Севиља.
Американските разорувачи „USS Bulkeley“ и „USS Roosevelt“, кои минатата недела го напуштија Кадис, учествувале во нападите врз Иран, потврдија американски извори.