БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА НИЗ КАВАДАРЦИ Возел нерегистрирано возило, поминал на црвено, превезувал крадени дрва

Возилото е привремено одземено и ќе следуваат соодветни пријави.

136

Вчера доцна вечерта полицијата во Кавадарци го привела 38-годишниот В.Ј. од селото Дреново, откако претходно не застанал на знак за запирање и продолжил да вози, игнорирајќи и црвено светло на семафор.

Тој управувал „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, во која како сопатници биле 25-годишниот М.И. од селото Возарци и уште едно лице. Во возилото превезувал и огревно дрво.






По преземени мерки, полицијата ги пронашла возачот и возилото во селото Возарци. При контролата било утврдено дека автомобилот бил нерегистриран, возачот немал стекнато право за управување од „Б“ категорија и поминал на црвено светло. Огревното дрво било без соодветна документација, па со потврда било одземено и предадено на шумската полиција.

Со сопатникот бил извршен службен разговор, а по насоки на јавен обвинител, возачот бил приведен во полициска станица. Возилото е привремено одземено и ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини