ГО СРЕДИВ, ПРЕД ТОЈ ДА МЕ СРЕДИ МЕНЕ! Трамп вели дека се мртви и повеќето наследници на Хамнеи

Нападот беше толку успешен што ги елиминираше повеќето кандидати. Нема да биде ниту еден од оние за кои размислувавме бидејќи сите се мртви – рече претседателот на САД.

462

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата се убиени потенцијални наследници на врховниот лидер на Иран. Неговите коментари, дадени за Еј-Би-Си Њуз (ABC News) доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.

Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен.






– Нападот беше толку успешен што ги елиминираше повеќето кандидати. Нема да биде ниту еден од оние за кои размислувавме бидејќи сите се мртви. Вториот и третиот на листата се мртви – рече тој.

Трамп се осврна и на атентатот врз Хамнеи.

– Јас го средив пред тој да ме докрајчи мене. Тие се обидоа двапати. Па, јас го средив прв – изјави тој.

Да ве потсетиме дека во 2024 година, Министерството за правда на САД објави федерални обвиненија поврзани со спречен заговор чија цел беше да се убие Трамп пред претседателските избори. Според судските документи, иранските власти побарале од еден осомничен, Фархад Шакери, да се обврзе да го надгледува и на крајот да го извршува атентатот врз Трамп.

Поврзани содржини