🎥 НА КОЈ ЈАЗИК ЗБОРУВААТ ВО НОВОТО ВИДЕО КЕЈТ И ВИЛИЈАМ? Еве што се крие зад збунувачката снимка на омилениот британски пар

Омилениот британски кралски пар привлече големо внимание на социјалните мрежи со објавата на новото видео на кој Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам зборуваат на велшки јазик.

424
Принцот Вилијам и принцезата Кејт испратија специјална видео честитка по повод Денот на Свети Давид, националниот празник на Велс, а вниманието на јавноста беше особено привлечено од фактот дека принцезата од Велс за првпат јавно проговори на велшки јазик.
Во кратка, но емотивна порака, тие им се обратија на луѓето од Велс на нивниот јазик, уште еднаш покажувајќи почит кон земјата чии титули ги носат, но и збунувајќи многу обожаватели.





До сите луѓе од Велс, среќен Ден на Свети Давид! Тоа е прекрасна земја со богата историја и прекрасни луѓе. Велс е многу блиску до нашите срца – изјави познатиот кралски пар.
Видеото е снимено на имотот Виндзор претходно оваа недела, а на Инстаграм брзо доби пофалби, особено за изговорот на принцезата и принцот, но и за трудот што го вложиле за да ја пренесат пораката на велшки јазик.
Кенсингтонската палата соопшти дека го вежбале велшкиот јазик користејќи ја апликацијата Duolingo.
– Колку е прекрасно да ве слушнам како зборувате велшки; Ова е толку слатко; Браво; Вие сте одлични амбасадори на Обединетото Кралство – ги фалеа во коментарите.
Принцот Вилијам веќе зборуваше на велшки јазик во неколку наврати. Најзначајниот момент се случи пред една година, кога за првпат објави цела видео порака на велшки јазик како принц од Велс, токму на време за Денот на Свети Давид.
Во 2013 година, пред официјално да ја преземе титулата принц од Велс, тој одржа делумен говор на велшки јазик на земјоделски саем во Англси, што беше негов прв јавен обид да го користи јазикот.
За време на посетите на велшки градови како Понтиприд и Ланидлоус, често користи основни фрази, вклучувајќи го и „боре да“ (добро утро), кога зборува со локалното население.
Кејт Мидлтон, исто така, испрати силна симболична порака со својот моден избор. Таа носеше елегантна комбинација во кариран дезен, со жолт нарцис на реверот – цвет кој е симбол на Велс.
Британскиот престолонаследник го носеше истиот симбол. Само неколку дена претходно, кралскиот пар беше во Велс за да го прослави духот на заедништвото пред Денот на Свети Давид.
Поврзани содржини