ПОЛИЦИЈАТА НЕМА МИЛОСТ ЗА НЕСОВЕСНИТЕ Приведени 10 возачи низ државата, биле пијани и без дозволи

Петмина биле фатени под дејство на алкохол, четворица без возачка дозвола, а еден возел и покрај активна забрана.

221

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден низ државата поради тешки сообраќајни прекршоци, меѓу кои возење под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со изречена забрана за управување.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пет лица биле приведени затоа што управувале возило под дејство на алкохол. Тие биле откриени на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје.






Дополнително, четири возачи се санкционирани бидејќи управувале возило без возачка дозвола. Овие случаи се регистрирани во тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци.

Уште еден возач бил лишен од слобода во Скопје поради тоа што управувал возило и покрај изречена забрана за управување со возило од Б категорија.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Воедно, надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без возачка дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини