НАПАДОТ ВРЗ ИРАН ЌЕ ТРАЕ СО ДЕНОВИ Според Трамп, на земјата ќе ѝ требаат неколку години за да закрепне
Трамп предупреди дека повторно ќе нападне доколку Иран се обиде да ја обнови нуклеарната програма за збогатување на ураниумот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Иран ќе му бидат потребни „неколку години“ за да закрепне од заедничкиот американско-израелски напад врз земјата, во телефонски разговор со новинар на израелскиот Канал 12.
Американскиот претседател рекол дека може да избере кампањата да трае онолку долго колку што сака или да заврши во рок од неколку дена. Тој предупреди дека повторно ќе нападне доколку Иран се обиде да ја обнови нуклеарната програма за збогатување на ураниумот.
Трамп нагласи дека во секој случај, на режимот ќе му бидат потребни „неколку години“ за да закрепне од овој напад.
Трамп го обвини Иран за повлекување од постигнување нуклеарен договор, велејќи дека сфатил оти Техеран не бара сериозен договор.
Американскиот претседател го опиша својот вечерашен разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како позитивен.