🎥 ТРАМП НАЈАВИ ГОЛЕМИ БОРБЕНИ ОПЕРАЦИИ ВРЗ ИРАН Режимот во Техеран е закана за САД
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД почнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на социјалните мрежи.
Трамп рече дека САД почнале „големи борбени операции“ против Иран.
Тој вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.
Тој нагласи дека заканувачките активности на Иран директно ги загрозуваат САД, нивните трупи, базите во странство и сојузниците низ целиот свет.
– Иранскиот режим скандира „Смрт за Америка“ веќе 47 години и води немилосрдна кампања на крвопролевање и масовни убиства, насочени кон САД, нашите трупи и невини луѓе во многу земји – рече Трамп.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 28, 2026
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информации од иранската опозиција.
Американски претставници изјавија дека очекуваат нападот врз Иран да биде „далеку пообемен“ од американските напади минатиот јуни врз иранските нуклеарни постројки.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел почнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ цел Израел.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка операција на САД и Израел.
Израелската војска, исто така, соопшти дека извршила бран воздушни напади врз инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан, вклучувајќи ги тунелите и местата за лансирање ракети.
🎥 ИЗРАЕЛ И САД ГО НАПАДНАА ИРАН Техеран се подготвува за одмазда