ВОЗАТ КАКО ДА НЕ ВАЖАТ ПРАВИЛА И ЗАКОНИ Полицијата и натаму лови возачи без дозвола, приведени седуммина
Шестмина управувале без возачка дозвола, а еден возел нерегистриран мопед.
Седум возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден во полициски контроли спроведени низ државата, откако биле фатени како управуваат возила спротивно на прописите.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, шестмина од приведените возеле без возачка дозвола, додека еден управувал нерегистриран мопед.
Според податоците, двајца возачи без дозвола биле затекнати во Прилеп, а по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола. Во Тетово, пак, бил фатен и возач кој управувал нерегистриран мопед.
Од полицијата велат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, од МВР упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за возење или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.