ЌЕ ГОРИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО ВО ЛШ Сити на Реал, Барса оди на Њукасл
Ждрепката за нокаут фазата во Лигата на шампионите 2025/26 донесе големи дербија, меѓу кои Манчестер Сити – Реал Мадрид и Њукасл – Барселона.
Ждрепката за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лига на шампионите на УЕФА за сезоната 2025/26 беше одржана напладне во Нион, со што беше дефиниран патот до големото финале во Будимпешта.
Осумте победници од плејоф фазата им се приклучија на осумте најдобри клубови од лигашкиот дел, по што беа формирани осминафиналните двојки.
Парови – осминафинале
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Бодо/Глимт – Спортинг
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Ливерпул – Галатасарај
Тотенхем – Атлетико Мадрид
Аталанта – Баерн Минхен
Баерн Минхен – Арсенал
Точниот распоред на натпреварите од осминафиналето ќе биде објавен вечерва.
Клучни датуми
Осминафинале: 10–11 март (први мечеви), 17–18 март (реванши)
Четвртфинале: 7–8 април и 14–15 април
Полуфинале: 28–29 април и 5–6 мај
Финале: 30 мај, Будимпешта
Распоредот за четвртфиналето ќе биде познат на 19 март, а термините за полуфиналето на 16 април, по комплетирањето на претходните рунди.
Новитет во форматот
Главната промена оваа сезона е што целата нокаут-структура до финалето се одредува однапред. Тоа значи дека нема да има дополнителни ждрепки за четвртфиналето и полуфиналето.
Според правилата на УЕФА, натпреварите вообичаено се играат во вторник и среда, додека финалето традиционално е во сабота. Можно е и отстапување од распоредот, особено кога клубови од ист град настапуваат во европските купови.
Од осминафиналето повеќе нема ограничувања, што значи дека можни се дуели меѓу клубови од иста земја или тимови кои веќе се сретнале во лигашката фаза. Номиналниот домаќин на финалето ќе биде победникот од едната страна на ждрепката — исто така одредено со денешното извлекување.