АЛКАЛОИД АД ЌЕ ИСПЛАТИ ЗА 14,3% ПОГОЛЕМА ДИВИДЕНДА ОД ЛАНИ За исплатата на дивиденда и данок на доход се предвидени над милијарда денари

Акционерите во Алкалоид АД Скопје годинава ќе добијат 720 денари во бруто по акција, односно за 14,3% повеќе по акција од ланската исплата. Управниот одбор на седница одлучи за исплатата на дивиденда и на персонален данок на личен доход компанијата да издвои над милиајрда денари.

973

Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари.






Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.

АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.

Поврзани содржини