ЗЕЛЕНСКИ НИЗ БРИСЕЛ РАСКАЖУВА ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ЗАВРТИ СЛАВИНАТА Орбан бесен, уште стои нафтата од „Дружба“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски „низ Брисел тврди дека нафтоводот не може повторно да се пушти во работа“ пишува на Фејбук унгарскиот премиер Виктор Орбан обвинувајќи го Зеленски дека од политички причини ја сопрел испораката на нафта преку нафтоводот „Дружба“.

553

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека и понатаму не ги обновува испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, со што ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија.

„Испораките на нафта мора веднаш да продолжат! Знаеме дека нафтоводот е оперативен. Знаеме дека испораките на нафта за Унгарија не се продолжени поради политичка одлука на претседателот Зеленски“, напиша Орбан на Икс.

 






Тој додаде дека Зеленски „низ Брисел тврди дека нафтоводот не може повторно да се пушти во работа“.

Унгарскиот премиер наведе дека очекува Украина да ги исполни своите обврски кон Европската унија и нејзините членки и повторно да ги почне испораките.

Поради актуелната ситуација, Орбан изјави дека денеска ќе одржи консултации со премиерот на Словачка, Роберт Фицо.

Поврзани содржини