МАКЕДОНИЈА ИМА 1.517.695 РАБОТОСПОСОБНИ ЛУЃЕ Речиси половина од нив се активни на пазарот на труд

Во рамки на активното население како вработени се јавуваат 709 523 лица, додека како невработени се 91.388 лица.

50

Бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 3,6% споредено со истиот период од 2024 година и сега изнесува 91.388 лица, објави Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, бројот на невработени во последниот квартал лани споредено со третиот квартал е намален за 0,4%.






Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 57,9 %, а жени 42,1 %.

Бројот на вработени лица во последниот квартал лани, споредено со третиот квартал бележи зголемување од 0,6 %. Од вкупниот број вработени,  57,8 % се мажи, а 42,2 % се жени.

Статистика констатира дека учеството на неформалната вработеност се намалува.

Неформално вработени лица се 90 293, што е за 10,3 % помалку од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 45,9 %, има во секторот „земјоделство, шумарство и рибарство“ и 16,9 % во секторот „градежништво“.

Статистика објави дека во четврто тримесечје 2025 година во земјава бројот на работоспособно населени се изнесувал 1.517.695 луѓе. Од нив активни на пазарот се 800.911 лица. Во рамки на активното население како вработени се јавуваат 709 523 лица, додека како невработени се 91.388 лица.

Според податоците на статистика, во сивата економија се вклучени 90.293 лица.

Стапка на активност изнесува 52,8, на вработеност 46,8 и на невработеност 11.4.

1. Работоспособно население според економската активност, возрасни групи и пол четврто тримесечје 2025 година
Вкупно Мажи Жени
Работоспособно население (15+) 1 517 695 745 622 772 073
Активно население (15-89) 800 911 462 954 337 957
Вработени (15-89) 709 523 410 007 299 516
Невработени (15-74) 91 388 52 948 38 440
Неактивно население (15+) 716 784 282 668 434 116
Стапка на активност (15-89) 52.8 62.1 43.8
Стапка на активност (15-64) 67.2 77.3 57.0
Стапка на активност (15-29) 46.1 53.3 38.5
Стапка на вработеност (15-89) 46.8 55.0 38.8
Стапка на вработеност (15-64) 59.4 68.3 50.4
Стапка на вработеност (15-29) 35.3 41.3 28.9
Стапка на невработеност (15-74) 11.4 11.4 11.4
Стапка на невработеност (15-64) 11.6 11.6 11.5
Стапка на невработеност (15-29) 23.4 22.5 24.9
Поврзани содржини