СТАРЕЦОТ ОД СПОТОТ НА ТЕЈЛОР СВИФТ НЕМАЛ ПОИМ КОЈА Е ТАА Внуките биле изненадени кога дознале дека нивниот дедо е во спотот за „Опалит“

Осумдесет и тригодишниот Рејнолдс од Капел-ле-Ферн, Кент, рекол дека неговите внуки, Мили и Франческа, биле многу изненадени кога дознале дека тој ќе биде во спотот на Тејлор Свифт, додека тој никогаш претходно немал слушнато за неа.

280

Осумдесет и тригодишниот Бари Рејнолдс Капел-ле-Ферн, Кент, се појави во видеозаписот за песната „Opalite“ на Тејлор Свифт, а неговите внуки, Мили и Франческа, биле многу изненадени кога дознале за тоа.

Но, дедото немал поим која е Тејлор Свифт, една од светските блокбастер изведувачки.






Рејнолдс редовно настапува со групата „Сент Николас плејерс“ во Рингволд, а се појавил во видеото на Свифт поради неговата соработка со агенцијата за глума и модели.

Тој за Би-би-си радио Кент рекол: „Ми рекоа дека мора да бидам во Северен Лондон во 7 часот, а јас реков дека нема возови, па затоа испратија такси за мене.“

Рејнолдс рекол дека дознал за Тејлор Свифт дури откако прочитал за нејзината турнеја во весниците пред задачата.

Му било дозволено да се фотографира со неа на крајот од снимањето и рекол дека ја нарекол „Нифти Свифти“ (Niftie Swiftie), што се однесува на нејзината брзина кога танцува, пишува Би-Би-Си.

Поврзани содржини