ОД ШТО БОЛЕДУВА ИВИЦА ДАЧИЌ? „Шеќерот ми беше 20, тоа не може да трае долго“

Министерот е хоспитализиран во сериозна состојба по дијагностицирана билатерална пневмонија, а со години јавно зборуваше за дијабетес и срцеви проблеми. Српските медиуми јавуваат дека наглото влошување дошло по неколкудневни компликации.

1,294

Министерот за внатрешни работи на Србија е во сериозна состојба и е хоспитализиран. Српските медиуми објавија дека бил ставен на апарати за одржување во живот.

Билатерална пневмонија и нагло влошување






Српскиот министер Ивица Дачиќ кој вечерва е итно примен во болнива со години вели дека има висок шеќер во крвта.

– Знаете, шеќерот во крвта ми беше вчера 20. Сето тоа може да трае, но не долго. Денес е околу 15, и покрај сите лекови што ги земам – рече тој во телевизиско гостување.

Пред три години Дачиќ откри дека имал и проблеми со срцето. Поради екстремно низок пулс бил подложен на коронарна ангиографија.

– Имам теорија дека сум добро додека не одам на лекар. Со години имам висок шеќер во крвта, а неодамна имав многу низок пулс – изјави Дачиќ.

Српските медиуми наведуваат дека токму хроничните заболувања можеле да придонесат за влошување на состојбата.

Според „Информер“, на Дачиќ во болница му била дијагностицирана билатерална пневмонија. Неговата состојба се влошила во последните часови. Тој не присуствуваше на комеморацијата за поранешниот шеф на дипломатијата Владислав Јовановиќ. Тогаш српскиот претседател Александар Вучиќ изјави:

– Жалам што Ивица Дачиќ не е присутен тука од технички причини.

Српски „Мондо“ напиша дека утринава Вучиќ бил шокиран кога слушнал како Дачиќ тешко дише и буквално го „испратил“ министерот во болница.

Поврзани содржини