ДАЛИ ИСКАЗОТ НА ГРУБИ ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ОРТАЦИТЕ НА ФИЛИПЧЕ? Во СДСМ во паника вртеле по телефони, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Зошто СДСМ се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за неговиот исказ? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други? Лагите на СДСМ и Филипче траат кратко, но последиците се трајни и штетни за граѓаните, обвинува ВМРО-ДПМНЕ тврдејќи дека постои сериозна паника од исказот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во редовите на СДСМ.

228

Венко Филипче и СДСМ се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата порачуваат Филипче да не шири паника и страв и да не ја префрла вината кај граѓаните, туку институциите да профункционираат.

„Заврши времето на политички нарачани пресуди од судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица. Нема скандал, криминал и корупција, а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче. СДСМ со денови растура пердуви во јавноста околу скандалот со запленетата марихуана, а сега и со случајот со Артан Груби сами се заплеткаа во сопствените лаги. Зошто СДСМ се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за неговиот исказ? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други? Лагите на СДСМ и Филипче траат кратко, но последиците се трајни и штетни за граѓаните“, велат од владејачката партија.






Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека „на Филипче му пропадна и обидот да ја скрие блискоста на структурите на СДСМ и кланот Заеви со сопственикот на запленетата марихуана, но вистината излезе на виделина“.

„Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата. Дури и во телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДСМ, Тони Котев, но фотографиите кои излегоа во јавноста го демаскираа. Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Владеење на правото и правдата мора да има. Секој кој го прекршил законот ќе одговара“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини