КОНЕЧНА ПРЕСУДА • ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ГО НАКЛЕВЕТИЛЕ КОЧО АНЃУШЕВ ЗА УВОЗОТ НА ТОКСИЧЕН МАЗУТ Ќе мора да платат отштета од вкупно 120 денари

ЗНМ и ССНМ тужбата против ИРЛ ја сметаат за „стратешка“ и велат дека ќе продолжат да бараат чаре пред повисоките домашни и меѓународни судски инстанци. По изрековањето на пресудата Цветковска револтирано рекла: „Е браво, секоја чест!“ Од компанијата „Фероинвест“ изразуваат задоволство што после пет години судење, се потврдило она што било познато и на почетокот – Кочо Анѓушев не само што нема никаква врска со аферата „Токсичен мазут“, туку и никогаш не се занимавал со трговија на нафтени деривати.

910

Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека донел конечна пресуда во граѓанската парница помеѓу Кочо Анѓушев и неговата компанија „Фероинвест“ и Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија – уредничката и ИРЛ се правосилно осудени за сторена клевета кон Анѓушев во емисијата за увоз на токсичен мазут и загадување на воздухот под наслов „Заговор против воздухот“, емитувана во мај 2021 година.

Апелациониот суд ја потврди пресудата на првостепениот суд, во која се вели дека ИРЛ и Цветковска без основа го довеле Анѓушев во врска со темата „токсичен мазут“ – го обвинувале дека компанијата БРАКО купила одредена количина таков мазут и дека тој, како вицепремиер, имал работен состанок во Владата, на кој биле присутни и лица од таа дејност.






Без да ја испочитува професионалната обврска да ја слушне другата страна и игонирајќи ги неговите деманти, ИРЛ го претставила Анѓушев како човек одговорен за увозот на токсичен мазут. Вистината е сосема поинаква. Состанокот во Владата за кој се говори во сторијата бил за сосема друга тема, се одржал во присуство на шеф на кабинет, советници и на други владини претставници, кои за тоа сведочеа на судењето и ги демантирале наводите на ИРЛ. За тој состанок постои и официјален записник. Дополнително, ноторен факт е дека бизнисменот Кочо Анѓушев никогаш не се занимавал со трговија на нафтени деривати.

По тужбата на Анѓушев и на компанијата „Фероинвест“, во 2022 година првостепениот суд пресуди дека нема клевета. Но, година дена подоцна, Апелациониот суд ја укинаа пресудата и го врати случајот на повторно судење. Постапувајќи по забелешките на Апелација, во 2023 година првостепениот суд, во второто судење, ги преоцени фактите и пресудија дека има клевета. По жалба на осудените, на 25 февруари 2025 година, Апелациониот суд ја потврди пресудата.

Но, процесот не заврши веднаш. ИРЛ инсистираше Апелациониот суд да одржи јавна расправа пред да донесе конечна пресуда. Таква расправа се одржа на 16 февруари годинава. Двете страни ги изложија своите аргументи, но беше јасно дека ништо не може да ја промени фактичката ситуација. Денеска, среда 25 февруари, во присуство на адвокатите на Анѓушев, на ИРЛ и на повеќе поддржувачи на ИРЛ од новинарските здруженија и од медиуми, се случи она што беше најавено – објавување на конечната правосилна пресуда.

По изрекување на осудителната пресуда, Сашка Цветковска, револтирано му се обратила на судијата кој претседавал со петчлениот судски совет, со зборовите: „Е браво, секоја чест!“ Според присутните адвокати на Анѓушев, репликата на Цветковска имала и дополнение, но за тоа ќе оставиме да сведочат сведоците на настанот.

Попладнето се огласија ЗНМ и ССНМ, со став дека „ќе продолжат да стојат зад истражувачкото новинарство и да ја следат натамошната постапка по приемот на писмената одлука, вклучително и користење на сите расположливи правни механизми пред повисоките домашни и меѓународни судски инстанци“.

Во соопштението се вели дека ЗНМ во период подолг од пет години обезбедувал бесплатна правна поддршка, а двете организации јавно го следеле овој предмет и посочуваа „на неговото значење за слободата на изразување, јавниот интерес и заштитата на истражувачкото новинарство, вклучително и во контекст на ризиците од стратешки тужби против јавно учество (СЛАПП)“.

Интересно е дека според тужбеното барање, во пресудата, која сè уште не е напишана, ИРЛ и Сашка Цветковска ќе бидат задолжени на Кочо Анѓушев и на „Фероинвест“ да им исплатат по 60 денари или вкупно 120 денари на име отштета. Тоа е помалку од 2 евра. Во реакцијата на конечната пресудија, од компанијата на Анѓушев велат:

„Судовите со овие пресуди потврдија дека оваа група со години врши медиумски клевети, изнесува лаги и зависно од текот на финансиите креира средина во Македонија за јавна пресметка со одредени личности за да направи дефокус и заштита токму на вистинските сторители на казниви дела и користена е за внатрешни политички пресметки во Македонија, служејќи на одредени страни.

Во секоја земја економијата е таа која ја движи државата напред и која продуцира работни места и ја полни државната каса со даноци, за да има функционално општество. Кај нас, зад нападите врз компаниите и бизнисмените со лажни вести, стојат крајно неодговорни лица, кои се водат само од свои кариерни и хонорарни причини, а им нанесуваат економска штета на државата и на стопанството“.

Поврзани содржини