НЕПРИЈАТЕЛИТЕ ЗНААТ КАКО ЌЕ ЗАВРШИ НУКЛЕАРЕН НАПАД ВРЗ РУСИЈА Путин предупредува, Украина негира дека планира да се снабди со атомска бомба
Русија ќе ги информира САД за обидите на Украина да се здобие со нуклеарно оружје, вели советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека непријателите на Москва веројатно сфаќаат како би завршил евентуален напад „со нуклеарен елемент“ против Русија или руските сили.
Коментарите на Путин следуваат откако руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) претходно денеска изрази загриженост за можните испораки на елементи за технологија за нуклеарно оружје за Украина од Велика Британија и од Франција.
– Русија ќе ги информира САД за обидите на Украина да се здобие со нуклеарно оружје – изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Ушаков рече дека ова ќе влијае на позицијата на Русија во преговорите за решавање на конфликтот во Украина.
Француската амбасада во Москва соопшти дека руските тврдења се „очигледна лага“.
Украина ги нарече тврдењата на Русија „апсурдни“.
– Украина многу пати претходно ги негираше ваквите апсурдни руски тврдења, а ние официјално ги негираме повторно сега. Ја повикуваме меѓународната заедница да ги отфрли и да ги осуди руските валкани информативни бомби – изјави портпаролот на украинското МНР, Георги Тихи.