ЗАПЛЕНЕТ 1 ТОН МАРИХУАНА ОД ГРИН ЛАЈФ ОД ВАЛАНДОВО На компанијата ѝ е одземена лиценцата за производство на канабис за медицински цели
Со одлука на Владата надлежните вршат контроли во сите 43 компании кои имаат дозволи за одгледување медицински канабис, по заплената на над 40 тони марихуана од неколку компании пред 2 недели.
Полицијата денеска заплени 1 тон марихуана од ккомпанијата Грин лајф, од Јосифово, Валандовско.
„По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Валандово, денеска извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село Јосифово – велат од МВР.
Друштвото за производство, трговија и услуги Грин лајф има дејност одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба во фармацијата.
Ова е една од шесте компании на кои Министерството за здравство им ги одзеде лиценците за производствво на канабис за медивцински цели. Одземени се лиценците и на Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм и Канабидоис.
Со одлука на Владата надлежните вршат контроли во сите 43 компании кои имаат дозволи за одгледување медицински канабис, по заплената на над 40 тони марихуана од неколку компании пред 2 недели. Досега е извршена контрола во 13 компании.